Утрински Весник
Македонија

Приведен командирот на ПС Кочани кој беше разрешен а кој раководел со станицата за време на пожарот

Puls.webp.webp

Командир на ПС Кочани кој бил на чело на станицата за време на пожарот, а е еден од разрешените полицајци по трагедијата во “Пулс” е меѓу приведените полицајци вечерва потврдуваат за ТВ 24 од извори од МВР.

Приведени се вкупно 7 полицајци и утре ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Дека се проширува истрагата со 7 полицајци вечерва потврди и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за Телма.


Од ОЈО ГОКК официјално велат само дека “Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава од страна на МВР. Повеќе информации во текот на утрешниот ден”.

Можете да прочитате

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски