Утрински Весник
Македонија

Коцевски за „Пулс“: Сите министри не ги почитувале законите и издале лиценци со нецелосна и законита документација

Ljupco kocevski 65.jpg

Освен законот за угостителска дејност, во случајот со „Пулс“ имаме непочитување и на законот за инспекциски надзор, потоа закон за заштита и спасување, потоа имаме методологија за проценка на ризик, па има разни правилници, има планови, елаборати во однос на начинот на издавање на тие лиценци, изјави државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Сета документација требало да биде прибрана и врз основа на таа документација, министерот дава лиценца. Во конкретниот случај нема потполна и законита документација. Тоа е верижната реакција во однос на издавањето на лиценци, затоа што министерот, поточно сите министри не ги почитувале законите и издале лиценци кои не биле потполни и немале законска документација“, вели Коцевски.


Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество