Утрински Весник
Македонија

Протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“

Image 2025 04 12 140739001.png

Под мотото „Задоцнета реакција“ семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска организираа протест.

На протестот семејствата на жртвите ја повикаа целата држава, да ја сподели нивната болка и заедно да побараме правда за 61 прерано одземени животи.


Ова не е прв протест во Кочани по трагедијата која се случи на 16 март, а во која животот до овој момент го загубија 61 лица.

Повеќе од 200 лица беа повредени, над 50 од нив се уште се лекуваат на клиниките надвор од земјава.

Можете да прочитате

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски

Расправија во сообраќајот завршила со тепачка меѓу жени во Ѓорче Петров