Утрински Весник
Свет

СЗО постигна начелен договор за текстот на Договорот за пандемии

Szo.webp.webp

Земјите-членки на Светската здравствена организација денеска постигнаа „начелен договор“ за текстот што треба да овозможи заштита на светот од идни пандемии, по повеќе од три години преговори, изјави копретседавачката на преговарачкото тело Ен-Клер Ампроу.

-Имаме начелен договор, рече Ампроу, копретседавачка на преговарачкото тело и француски амбасадор за глобално здравје, прецизирајќи дека делегатите ќе се сретнат во вторник во Женева за да го доработат текстот и да дадат конечно одобрување.


Вкупно 194-те земји-членки на организацијата преговараат за договорот што би можел да ја зголеми соработката пред и за време на пандемии, по признаените неуспеси за време на Ковид-19.

САД годинава ги напуштија разговорите, откако претседателот Доналд Трамп во февруари издаде извршна наредба за повлекување од СЗО и забрана за учество во разговорите.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија