
На крајот од својата педесет и осма седница во петокот, Советот за човекови права на ОН во Женева усвоил две резолуции презентирани од Државата Палестина, со кои се потврдува незаконитоста на израелските колонијални практики на окупираната палестинска територија, вклучително и источен Ерусалим, и се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување.Триесет и четири нации гласаа за резолуцијата во врска со незаконитоста на колонијалната експанзија додека 10 беа воздржани и три беа против. Во однос на резолуцијата за правото на палестинскиот народ на самоопределување (A/HRC/58/L.31), поддршка дале 43 земји, а само две држави биле воздржани – од кои едната е Македонија!
На страницата на МНР на Македонија тои дека шефица на Постојната мисија на Македонија во ОН во Женева е Теута Агаи Демјаха, но таа беше отповикана од функцијата кон средината на ноември минатата година со одлука напретседателката Гордана Сиљановска Давкова, така што не е познато кој гласал во име на нашата држава, но јасно е дека директивата дошла од македонската влада.
Од поранешните југословенски републики, Палестина веќе ја признаа Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Македонија, која се повеќе наликува на вазална држава, отколку на самостојна и суверена, во континуитет оди спротивно на здравиот разум и сопственото историско искуство.
„Како да очекуваме светот да застане на наша страна, да има разбирање за нашиот проблем, кога нашите претставници во меѓународните организации даваат поинаков пример?“- беше дилемата објавена на социјалните мрежи.
Во резолуцијата за правото на палестинскиот народ на самоопределување, усвоена со 43 гласа „за“, 2 „против“ и 2 воздржани, Советот го повикува Израел, окупаторската сила, веднаш да го прекине своето незаконско присуство во окупиранте палестински територии вклучувајќи го и Источен Ерусалим.Резолуцијата ги повикува сите држави да усвојат мерки за промовирање на правото на самоопределување на палестинскиот народ и да им пружат помош на Обединетите нации во однос на спроведувањето на ова право.