Утрински Весник
Свет

Нов силен земјотрес го стресе Мјанмар

Zemjotres 1.jpg

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер денеска го погоди јужниот брег на Мјанмар.

Ова го покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.


Според информациите, земјотресот се случил на оддалеченост од околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Минатиот петок земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, а како последица на земјотресот загинаа повеќе од 2.700 луѓе, а повеќе од 4.520 од нив беа повредени, а повеќе од 400 се водат како исчезнати, соопшти владејачката воена хунта во таа земја.

Можете да прочитате

Разбиена банда што шверцувала кокаин во торти од Берлин до Прага

На 48 години почина актерот Џејмс ван дер Бик

Европол заплени фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра