Утрински Весник
Македонија

Силјановска Давкова го помилува: Ѓоко Поповски излегува на слобода по 9 години затвор

6d42aa6d 3758 47a8 Afe4 B04d94784a51.jpeg

Поранешниот помошник на министерот за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски, излегува на слобода по 9 години поминати во затвор. Одлуката за делумно помилување е потпишана од македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова, со што Поповски е ослободен од понатамошно издржување на остатокот од казната.

Поповски беше осуден во предметите „Триста“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поврзани со злоупотреби во јавните набавки. Во одлуката за помилување се наведува дека се делумно ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна.


Луксузниот „Мерцедес“ останува во сопственост на Владата

Еден од симболите на случајот „Тенк“ — луксузниот „Мерцедес“, за кој Поповски беше осуден, сè уште е во сопственост на Службата за општи и заеднички работи при Владата. Претходната влада предводена од СДСМ најавуваше продажба на возилото, со образложение дека е луксузно и скапо за одржување, но тоа не беше реализирано.

Поповски излегува на слобода по долгогодишна затворска казна, а јавноста останува поделена околу одлуката за негово делумно помилување.

Можете да прочитате

Пет пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во Македонија, 44 во странство

АД ЕСМ остана без директор за правни и општи работи

ДУИ: Повик на институциите да го почитуваат законот и Уставот, да го запрат јазичниот дискриминациски курс