Утрински Весник
Македонија

Адеми пред ПС Карпош: Не дозволувајте политизација на настанот и обвинување на ДУИ

Img 5256.jpeg

Арбер Адеми, политички лидер, ја коментираше трагедијата во Кочани, повикувајќи да не се обвинува ДУИ, бидејќи, како што нагласи, „ова не им служи на меѓуетничките односи“. Овој став следи по повикот на ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, на распит во полициска станица за издадената нелегална лиценца за дискотеката каде загинаа 59 лица.

„Денеска требаше да бидеме сплотени за семејствата и да им помагаме на повредените. Но, за жал, видовме дека човечноста кај најодговорните авторитети исчезнала. Видовме политиканство и политички интриги. Уште кога стигнаа првите информации, започна спинот кој стана наративот на Владата. Се развиваше теоријата дека зад несреќата стои Албанец од ДУИ, за потоа да објават фалсификувана лиценца. Наместо министерот за внатрешни работи да ја преземе одговорноста што дозволил да работи кабарето, се обиде да ја префрли работата на етничка и партиска димензија“, изјави Адеми.


Прес-конференцијата на Адеми се одржа пред полициската станица во Карпош, каде што Бектеши беше на распит.

Можете да прочитате

Прозборе човекот кој се залепи на плоштад: Во Кочани си дојдоа деца кои цел живот ќе немаат раце, толку брзо ли не заборавивте?

Реакција на ЗНАМ: Димитриевски не е предавник

Меџити: Чиста животна средина е наш заеднички приоритет – „Генералка викенд” е пример за европски вредности во пракса