Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

6 20.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието. Наместо јасно и недвосмислено да ја осуди навредата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, Сиљановска се задоволи со блага и беспомошна констатација дека „не е лошо човек понекогаш и да се извини”.


Оваа изјава не е ниту осуда, ниту порака за заштита на жените од дискриминација – напротив, тоа е релативизирање на проблемот и обид да се заташка скандалот. Од Сиљановска очекувавме да покаже истата жестина во одбрана на женските права каква што покажуваше пред изборите, но очигледно дека тогашната борба била само празна реторика за политички поени.

Фактот што министерката Кочоска не само што не се извини, туку во интервју дополнително ги продлабочи навредите, е доволен показател дека оваа Влада нема ниту основна политичка култура, ниту чувствителност кон дискриминацијата врз жените.

СДСМ прашува – каде е сега борецот за женски права Гордана Сиљановска? Ако дури и претседателката не смета дека една ваква навреда заслужува јасна и силна осуда, тогаш таа го губи секој кредибилитет да зборува за родова еднаквост и заштита на жените.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија