Утрински Весник
Македонија

Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, ќе биде суспендиран

Vasilmobilen.jpeg

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денеска изјави дека мобилниот телефон Васил Јованов го набавил од друг притвореник од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец, кој го овозможил тоа.

-Сознанието е дека убиецот на Фросина телефонот го обезбедува од друго притворено лице од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец кој што од едната ќелија носи кутија со колачи во собава каде што се наоѓа Васил Јованов. За тоа е направено плаќање од 250 евра надвор на братот на лицето кое што му го обезбедило телефонот. Тие телефони се одземени, изјави Пандов за Канал 5.


Директорот на Управата додаде дека против лицето е поднесена преставка и истото ќе биде суспендирано.

-Во моментов е еден, меѓутоа не е еден, јас сум сигурен дека повеќе се вклучени во овој синџир, нагласи тој.

Јованов, кој ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова го добил телефонот од друг притвореник во затворот Шутка, откако негов роднина дал пари на братот на притвореникот, кој му го обезбедил телефонот.

На осомничениот за смртта на Фросина, 20-годишниот Јованов му е одреден притвор од 30 дена, а според Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, тој на 29 јануари, поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегазил Кулакова која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лента на бул. „Партизански Одреди“. Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание во постапката. Според обвинителството, тој бил под дејство на алкохол и без возачка дозвола кога ја прегазил Фросина на пешачкиот премин на „Партизанска“.

Пандов и вчера потврди дека кај 20-годишниот возач е пронајден мобилен телефон и најави дисциплинска постапка откако ќе биде утврдено кој го обезбедил телефонот, иако, како што рече, се сомнева дека се повеќе вработени лица.

Од семејството на починатата Фросина вчера побараа од Министерството за внатрешни работи да го најде одговорниот кој му дал телефон на Јованов, откако фотографија од него со мобилен телефон додека е во притвор почна да се споделува на социјалните медиуми.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна