Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со магла по котлините

Magla.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, магливо и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено. Утре попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. 

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа