Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла во Тетово, Битола и Прилеп

Magla Avtopat 1.jpg

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патните правци во Тетово, Битола и Прилеп. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.

Од Авто мото сојузот на Македонија утринава информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 


 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни