Утрински Весник
Свет

Трет пат за една година Зеленски го менува командантот на украинските сили на источниот фронт

20250126084548 Big 730x400 57.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени по трет пат за помалку од една година командантот на клучната воена формација одговорна за заштита на источниот центар Покровск, за кој има зголемен ризик да падне во рацете на руските сили, јавија британските медиуми.

Во своето редовно видео обраќање до сонародниците Зеленски синоќа рече дека командантот на копнените сили на Украина, генерал-мајор Михаило Драпатиј, го поставил на чело на оперативно-стратешката група „Хортица“, чија зона на одговорност вклучува голем дел од источниот фронт на Украина.


-Тоа се најтешките региони на борбени дејствија, рече Зеленски, додавајќи дека за овие смени разговарал на состанок со командантот на украинските вооружени сили, Олександр Сирски.

Заземањето на градот Покровск ќе ја доближи Русија до заземање на целата Доњецка област, една од главните цели на претседателот Владимир Путин во неговата војна во Украина. Зеленски додаде дека назначувањето на Драпатиј ќе помогне да се комбинира борбената работа на армијата со соодветна обука на бригадите.

-Токму потребите на линијата на фронтот треба да ги одредат стандардите за екипирање и обука на бригадите, нагласи тој.

Драпатиј ќе го замени генерал-мајор Андреј Хнатов, кој од јуни е на чело на Хортица. Тој ќе стане заменик началник на Генералштабот, кој ќе ја надгледува обуката и комуникациите.

Можете да прочитате

Децата во САД ја губат вештината за читање

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

Рубио вели дека Трамп е сериозен за купување на Гренланд