Утрински Весник
Свет

Орбан: Влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред

20250121171246 Big 730x400 85.webp.webp

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска по средбата со неговиот словачки колега, Роберт Фицо, во Братислава изјави дека влезот на Украина во НАТО не е на дневен ред, бидејќи, како што истакна, влезот на Киев во Алијансата би значел отворена војна против Русија.

Тој, исто така, рече дека брзиот пристап на Украина во Европската унија ќе ја уништи унгарската економија.


Според словачкиот сајт Ма7, Орбан нагласил дека нема одговор како Украина може да влезе во ЕУ, додавајќи дека Киев мора да покаже почит.

Словачкиот премиер Роберт Фицо истакна дека со Орбан разговарал за ситуацијата во ЕУ, Доналд Трамп, миграцијата и семејните прашања, велејќи дека во словачкиот Устав има само два пола: машки и женски.

-Имав спонтан, пријателски и содржински богат разговор со Орбан. Драго ми е што квалитетот на словачко-унгарските односи во моментов е на највисоко можно ниво, унгарско-словачкиот соживот не е политичко прашање. Се согласуваме, не само за настаните во нашите земји, туку и на меѓународната сцена. Наш избор се ЕУ и НАТО, но имаме право да бидеме критични, рече Фицо

Можете да прочитате

Четворица повредени во напад со нож во Тел Авив, напаѓачот убиен

Пронајдено новороденчето киднапирано од болница во Италија, уапсени маж и жена

ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа