Утрински Весник
Македонија

Бени Шаќири во поткаст ЗРАК сподели искуство од направена коронографија

Beni Sakiri.jpg

Музичарот Бени Шаќири во поткаст ЗРАК со д-р Марина, сподели свое сведоштво со изведување на коронографија.

„Не сум нешто редовно, ама имам навика да трчам на кеј. Еднаш почувствував тахикардија и решив да се проверам, бев да се проверам и излезе дека левата преткомора била малку проширана, тоа било од активност, од напор…прашав кој е најдобриот начин да се дознае причината и ми беше кажано дека најефикасно е ако направам коронографија. Реков добро, ајде веднаш да го направиме. Бев легнав, ми направија, рекоа срцето ти е уредно, артериите ти се релативно чисти. И ме прашаа зошто сум дошол на коронографија. Им реков дека правам проверка ако срцето ми е добро да продолжам да трчам, ако има некоја аномалија да престанам“ рече Шаќири.


Тој ги повика граѓаните да вршат редовни контроли и да обрнуваат поголемо внимание на сопственото здравје.

Можете да прочитате

Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон

Во трка за наградата „Роман на годината“ 43 дела

Утрото студено, преку ден до 11 степени