Утрински Весник
Македонија

АХВ: Уништени 620 килограми месо – Под лупа на инспекторите и месарниците во земјава

Meso.png
Dik 300x250 mk

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, соопшти АХВ.

За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот,официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.


Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети.

Можете да прочитате

НАИ реагира на одбиените приговори за првиот круг од гласањето во Гостивар

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески