Утрински Весник
Македонија

Лефков: Груби ја искомпромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра, наместо да направат рез, тие го штитат

Mile Lefkov 05.12.2024 1.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Груби ја компромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра, наместо да направат рез, тие го штитат, а СДС сее магла.


Очигледно е дека Груби е криминалец, тоа го кажа и Стејт Департментот и Македонските институции. Само ДУИ наместо да расчисти со тој товар уште повеќе го зема на себе.

Со што толку е задолжена ДУИ од криминалецот Артан Груби? А уште повеќе СДС, па мораат да смислуваат разни приказни, за да одвлекуваат внимание?

СДС со години знаеше за криминалот на Груби и не го апсеше, за потоа да му се приклучи. Дали е тоа главната причина зошто сега треба да го бранат?

Дали СДС се фатени во тесно од Груби и ДУИ кои ги штитат со молчење?

Зошто толку Груби знае за СДС и ДУИ што не поминува ден, а двете партии да не вадат нов обид од ракав да го перат, прикриваат или да дефокусираат од него?

Колку и СДС и ДУИ да се обидуваат да дефокусираат, одговорност за криминалот ќе има. Веќе никој не е над законот.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат