Утрински Весник
Македонија

Општина Дојран ги ослободи сите деца од плаќање за престој во градинка

20241228123734 Big 730x400 5.webp.webp

На предлог на градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, Советот на Општината донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно Дојран за првпат обезбедува таква социјална услуга за сите дечиња согласно капацитетот на градинката.

Според градоначалникот Ангов, ова е социјална мерка со која во време на голема инфлација излегуваат во пресрет на родителите.


-Општина Дојран се грижи за најмалите и нејзина крајна цел е да се овозможи секое дете да се образува уште од најмали нозе, да се создадат услови на еднаквост помеѓу децата и се овозможува секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст, затоа што децата заслужуваат без никакви пречки да го развиваат својот потенцијал. Само со ваков пристап можеме да инвестираме во иднината на децата, создавајќи услови за социјален и образовен напредок, изјави Ангов.

Инаку, во градинката во Дојран престојуваат околу 60 деца, а месечниот надоместок кој досега го плаќаа родителите изнесуваше две илјади денари.

Можете да прочитате

(Видео) Вечерва во 21.00 десетта епизода на Подкаст ЗРАК, темата е борбата со ракот кај децата

ВРЕДИ: Уште само ДУИ глуми дека се изненадени од „Црната листа“

Деспотовски нема да се жали на одлуката за одземање на пасошот