Утрински Весник
Спорт

МТКФ ги прогласи најдобрите каратисти за 2024

20241228100116 Big 730x400 48.webp.webp

На 27.12.2024 на пригодна свеченост на Универзитетот Скопје, Македонската традиционална карате федерација ги прогласи најдобрите каратисти за 2024 година.

Во сениорска конкуренција првото место го поделија браќата Дејан и Аљоша Недеви, исто како и кај сениорките првото место го поделија Берта Милевска и Јадранка Недева.


Дамјан Донев беше прогласен за најдобар младинец, а Матеј Мангаровски за најдобар кадет.

Во категорија деца најдобри беа: Камелија Недев, Ива Спсеновска, Дамјан Трајковски, Филип Недев, Милан Трајковски и Тадеј Недев.

За посебен придонес во развојот на традиционалното карате и МТКФ беа одликувани: проф. др. Аце Миленковски, др. Венцислав Недев за животно дело, Борко Ристовски, Министер за спорт, Љупчо Миленковски и спортските новинари Владимир Булатовиќ и Зоран Стерјовски.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина