Утрински Весник
Македонија

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД

Dsc 0425.jpg

Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт.

По интонирање на државната химна, аудиториумот во исполнетата сала имаше можност да проследи синхронизирана изведба на повеќе нумери од повеќе светски и македонски композитори. Концертот на воените оркестри од сојузничките земји, како и од земјите од регионот и пошироко, прерасна во проект во рамките на меѓуармиската соработка, кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година или друг државен празник, претставувајќи го силното партнерство и трајните врски на пријателството и соработката.


 Предновогодишниот концерт го проследија претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова,  министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, министри во Владата, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот и воено-дипломатскиот кор акредитирани во Република Северна Македонија, активни и пензионирани генерали на Армијата, припадници на Министерството за одбрана, Генералштабот и командите на Армијата и други гости. 

Воениот оркестар на Армијата во изминатиот период има реализирано голем број на концерти, а многупати и во останатите градови во Републиката. Особено забележителни беа настапите: на воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија во 2023 година; со воениот оркестар на ВС на Албанија по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата; трилатералниот предновогодишен концерт со воените оркестри на Албанија и Хрватска во 2019 година, во која година беше и заедничкиот концерт на пет воени оркестри во рамки на активностите за одбележување на „Недела на НАТО“, каде изведби имаа оркестарот на Армијата на САД за Европа, Грција, Словенија и Обединетото Кралство; потоа трилатералниот концерт во 2018 година со воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, а уште претходно забележителен настап имаа и со воениот оркестар на Република Турција во 2014 година.

Можете да прочитате

СДСМ утре ќе објави нови детали од бегството на Груби, но и индиции за вмешаност на Тошковски и МВР во целиот случај

Ѓорѓиевски: Интересот на граѓаните за еден градоначалник треба да е пред интересот на сè останато

Чупеска: Голема е веројатноста дека бегството на Груби е помогнато од ДПМНЕ