Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.
„Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми:
Да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година;
Да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година;
Да поседуваат уверение за исполнување на безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз;
Барањата за финансиска поддршка ќе се разгледуваат и одобруваат по принципот на првенство при поднесување на барањето се до исцрпување на средствата утвредени со Програмата на Владата. Во рамките на тригодишната програма 2025-2027 година за овој (втор) јавен повик предвидени се средства во висина од 207 милиони денари. Во однос на износот на финансиската поддршка, истата ќе изнесува исто како и во првиот јавен повик и тоа:
9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен до Меѓународен аеродром Скопје;
12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен до аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид“.
Заинтересираните авиокомпании ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање во текот на целиот период за кој се доделува финансиската поддршка.
Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум.
Со првиот јавен повик, Минстерството за транспорт обезбеди 6 нови авиолинии и тоа од аеродормот од Скопје кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Милхаус.