Утрински Весник
Македонија

ОБЈАСНУВАЊЕ: Силно невреме со силен град му се случи на Дубровник, дали е ова нормално за декември или не?!

Dubrovniks Crazy Weather A Winter Wonderland In December 2.png

Пишува: Славчо Попоски

Што точнно се случуваше  во Дубровник (Хрватска) и како дојде до силното невреме вчера во овој Хрватски град? Навистина е многу чудно во Декември месец да имаме вакво летно невреме со силен град, но сепак се случува и не е неочекувано, иако е многу чудно, особено за граѓаните.


Територијата на Балканот деновиве се наоѓаше под влијание на висински циклон со центар над Средоземјето, овој висински циклон беше поврзан со ладен вАтмосферски фронт на висина, а токму Дубровник овие денови беше под влијание на јужно воздушно струење кое услови повисоки максимални дневни температури на воздухот. Атмосферскиот ладен форнт на висина се спои со потоплата воздушна маса која се наоѓаше во долниот дел од Атмосферата, па токму ова го предизвика вчерашното силно невреме со силен град во Дубровник (Хрватска).

Инаку овој Хрватски Град навистина наликуваше како да е покриен со снег  и наликуваше како да е Бел Божик, а тоа можете да го погледнете на следната фотографија:

Вакви невремиња, или би рекол временски непогоди знаат да се случат  и во зимските месеци, особено кога сме под влијание на циклон и на јужно воздушно стурење кое условува повисоки температури.

Можете да прочитате

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата