Утрински Весник
Македонија

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

Img 8136.jpeg

Денот на албанското знаме беше прославен вечерва низ неколку градови во Македонија, а најголемиот инцидент се случи во Скопје, каде што беше блокиран центарот на градот. Според информациите, инцидентот беше проследен со рафални истрели во близина на трговскиот центар „Мавровка“ и снимка која ја објавија на социјалните мрежи. На видеото, направено во близина на Бит-пазар, се гледа како група славеници го кинат македонското државно знаме, што предизвика голем револт кај дел од граѓаните.

Граѓаните кои се шокирани од ваквото однесување започнаа да бараат одговорност и санкции за овој акт на уништување на националниот симбол. На социјалните мрежи беше нагласено дека според Кривичниот законик на Република Северна Македонија, „за оној што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Северна Македонија, нејзиното знаме, грб или химна“, предвидена е парична казна или затвор до една година.

Овој инцидент го подигна прашањето за почитување на националните симболи и за потребата од потези кои ќе осигураат дека ваквите дела нема да останат неказнети, а во исто време поттикна дебата за националната безбедност и интегритет.

Можете да прочитате

Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка да има полови односи, обвинувања кон мајка од поранешниот партнер

Пожар во близина на селото Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Фон дер Лајен: Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик