Утрински Весник
Македонија

Наутро магла и облачност, попладне дожд

Magla.webp.webp

Времето денеска наутро ќе биде со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот ќе провладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од нула до шест, а максималните ќе достигнат од шест до 12 степени.

Во Скопје, наутро времето ќе биде со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до три, а максималните ќе достигнат до девет степени.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата