Утрински Весник
Македонија

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!

Meteoalarm.mk 31 1 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу студена воздушна маса од север, но и поради влијанието на разведрувањето и ведрото време во Македонија, од претстојната ноќ, па во следните неколку ноќи и утра, се до вторник ќе биде особено студено со минимални температури кои на целата територија на Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.

Во Беровскиот регион, како и на високите места  и на планините температурите ќе се спуштаат дури и под -10 степени, што значи дека очекуваме појава на умерени до јаки мразеви.

Дневните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на постепен пораст, и до средината на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

По овој период на стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност, но и со многу ниски температури наутро, некаде на самиот крај од овој месец, како и во почетокот на месец Декември, барем одсега гледано ни следува нов студен и влажен бран кој ќе предизвика нови врнежи. Сепак околу ова официјални детали ќе имам во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути