Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Не може министрите на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да одат пешки

Sdsm Web Default 1024x576 1.png

Катастрофално лоша е состојбата во Скопје, нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално Скопје се наоѓа во голема криза, вели СДСМ во партиско соопштение.

Опозициската партија обивнува дека скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска.

-Нема ни М од модерно Скопје кое го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред изборите. На Скопје му ја приредија најголемата катастрофа после земјотресот. Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност, вели СДСМ.

Партијата реагира дека Владата ги игнорира проблемите на главниот град.

-Не може министрите во Владата на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да се оставени да одат пешки. Не може власта да го игнорира главниот град, стои во соопштението на опозициската партија.

Советничката група на СДСМ и коалицијата иницираше и поднесе Барање за вонредна седница којашто треба да се одржи денеска.

На седницата СДСМ најавува конкретни мерки за како што велат кризата во Скопје за кои очекуваат заеднички да ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните на Скопје.

Можете да прочитате

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски

Граѓаните пробаа да влезат кај Данела, откако таа не излезе на протестот