Утрински Весник
Македонија

Син на турски градоначалник починал во затвор во Скопје

Mustafa Gunay Duyurusu.webp.webp

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските медиуми.

Веста за смртта ја потврдил и неговиот татко и градоначалник Мустафа Ѓунај на социјалните мрежи.

Ние сме во големи болки, го загубивме нашиот син Онур поради срцев удар. Информациите за погребната церемонија ќе бидат споделени.  Не можам да ги примам вашите повици бидејќи не можам да одговорам на телефонот. „Ви благодариме за разбирањето“, напиша таткото и градоначалник на Ѓузелбахче, Мустафа Ѓунај.

Како што дознава 24инфо, синот Ѓунај починал во затворот „Скопје“ познат како Шутка.

Таму тој бил спроведен откако претходно бил уапсен поради тоа што во казино во општина Центар со остар предмет им се заканувал на вработени.

Според информациите од турските медиуми, градоначалникот Ѓунај веќе пристигнал во Скопје, по телото на својот син.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити