Утрински Весник
Македонија

МОЌЕН ЛАДЕН ЦИКЛОН: Во Македонија тој ќе донесе силен ветер (над 90 км/час), обилни дождови, снег и снежна покривка!

Gfs 0 102 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините  и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде  и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.  Од четврток тие ќе опаѓаат  и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа  повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени.

Можете да прочитате

Мурал во чест на Мето Јовановски насликан на ѕид на Кинотека на Македонија

Д-р Колев: Македонија е во првите 20 земји во свет по трансплантација на срце

Јолевски: Функционирам во радиус од пет метри, толку е долг кабелот за моето механичко срце