Утрински Весник
Македонија

Во Kуманово се поставија корпи за отпад со уникатни еколошки пораки – 24info.mk

Kumanovo River Cleaning 17.jpg

[Sassy_Social_Share]

ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово во соработка со Мен енд Маунтен и со поддршка на невладината организација „СОН“ од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден ги исчистија речните корита во центарот на Куманово.

Во овој дел од реката, се наоѓа и парк за рекреација, кој постојано е посетуван од граѓаните и загадуван со отпад.

Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија во Белгија и невладината организација „СОН“ токму во овој дел од градот поставија 16 нови GENERALKA корпи за отпад.

Во акцијата и чистењето на речното корито земаа учество вработените од ЈКП „Чистота и Зеленило“ и волонтери од здружението Кумановски Акцијаши со голема поддршка од администрацијата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски.

На секоја од корпите за отпад напишани се уникатни пораки на македонски и албански јазик: „Создавај и не уништувај“, „Фрлете го тука вашето ѓубре – не вашата иднина“, „Твојот град – твој дом“, „Биди решение, а не загадување“, „Користете ме, но не ме злоупотребувајте“, „Загадувањето значи твое труење“, „Престани да зборуваш – почни да делуваш“…..

Идејата е да се покрене свеста на граѓаните и овие пораки да натераат секој што ќе помине оттаму и ќе ги прочита да размисли за неговата одговорност кон околината и заедницата.

„Иако симболичен, ова е многу значаен проект за нас. ЈП “Чистота и зеленило” и Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија од Белгија и во соработка со невладината организација “СОН” од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден го исчисти речното корито на градскиот кеј и поставија 16 нови GENERALKA корпи за отпадоци. На секоја корпа за отпад испишани се наменски и специфични пораки до граѓаните за тоа како треба да се однесуваат за да ја заштитат животната средина и да го чуваат нивниот град чист. Ова е мотивирачки пример како да ги означиме и другите места во градот со вакви специфични пораки до сите граѓани. Градот Куманово е благодарен“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски, во придружба на заменик директорката на претпријатието, Цветанка Ивановска, апелира до граѓаните да се придржуваат до хигиената и ги повика другите организации што почесто да иницираат вакви еколошки акции:

 „Пораките на корпите имаат намера да им укажат на граѓаните да одложуваат отпад на соодветно место. ЈП Чистота и зеленило ги поддржува сите вакви акции и ги охрабрува и другите организации да иницираат и организираат еколошки акции, а ние со нашиот потенцијал и механизација секогаш сме им на располагање. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до хигиената“.

СОН е нова белгиска невладина организација со фокус на културата и општеството.

„Со поддршка од провинцијата Источна Фландрија (Белгија) и во соработка со Мен енд Маунтен / GENERALKA среќни сме што можеме да го поддржиме градот Куманово за да создаде поеколошка средина за целото општество “, велат Јан Хозе, претседател на СОН и Катинка Димкароска, член на управниот одбор на СОН.

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ