Утрински Весник
Македонија

Делегација на Вооружените сили на Турција во официјална посета на Северна Македонија

Mk Tr.webp.webp

Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Метин Ѓурак, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Генерал Метин Ѓурак по пречекот со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски. Главни теми на средбата, како што соопшти Генералштабот на Армијата, ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата и придонесот на Армијата во меѓународните операции и мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Ѓурак ќе оствари средба со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа за случајот со Лотаријата

Борозан: Да се направи целосна анализа на водата во државата и јавно да се објават резултатите

ЦУК: Интервенција на три авиони и еден хеликоптер за гаснење на пожарот над село Габер