Утрински Весник
Македонија

Откриена причината за смртта на поранешниот шкотски премиер

175027 Britain Obit Alex Salmond F.jpg

Причината за смртта на поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд е срцев удар. Тој почина во саботата во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид каде учествуваше на второто издание на Форумот за културна дипломатија. За време на ручекот, Салмонд добил удар при што паднал наназад со столицата, а обидите за негова реанимација биле неуспешни, информираат од неговото семејство.

Во соопштението, тие рекоа дека на „застрашувачкиот политичар“ му се восхитувале ширум светот, но дека бил и „вљубен“ семеен човек чие присуство ги водело во нивните „најтемни моменти“.

Во салата на шкотскиот парламент е отворена книга на жалост.

Салмонд во петокот имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин, а по неговата смрт остатокот од настанот бил откажан.

Можете да прочитате

Левица: ЕК го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Мицкоски најавува намалување на акцизи a со месеци одбива да преземе мерки, велат од СДСМ

Уапсен тетовец кој возел без возачка и направил сообраќајка