Утрински Весник
Македонија

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

20241005130805 Big 730x400 59.webp.webp

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во  апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една  кривична пријава  поврзани со „Конти“.

Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат случаите и соодветно да се реагира.

-Според информациите од утринава, кривична пријава официјално не е поднесена, но изразувам оргомна загриженост за ваков пирамидален инвестициски финансиски потенцијален криминал што се случува по не знам кој пат во земјава.

Од службите бев информиран дека многу слична апликација за измама била констатирана и во 2022 година.

И тогаш е упатен апел граѓаните особено да внимаваат кога станува збор за вакви потенцијални инвестиции кои најчесто завршуваат како класични измами.

И сега апелирам, граѓаните особено да внимаваат на вакви инвестициски вложувања, да се консултираат со експерти од областа, да се обратат и до МВР каде исто така има експерти кои првично може да проценат дали станува збор за потенцијална измама, а оние што учествувале како жртви во овој потенцијален кривично-правен настан, да се обратат до МВР за да истражиме и соодветно да постапиме, истакна министерот по прес-конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан

Министерството за здравство излезе со детали за починатото бебе