Утрински Весник
Балкан

Местата во БиХ погодени од поплави се непрепознатливи

20241005094451 Big 730x400 13.webp.webp

По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.

Новинарка на телевизијата, која известува од терен, изјави дека овие места се непрепознатливи.

-Можеме да видиме само дрвја и вода, кал, се’ лебди на површината на водата, можеме да видиме загрижени жители, изјави таа и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.

Според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица како исчезнати се водат 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, а по многу други се уште се трага.

Населението во погодените подрачја има потреба од итна помош, а најитни се конзервираната храна и вода во шишиња.

Патната комуникација е отежната, а на места и целосно прекината.

Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Доња Јабланица, а според првичните информации почина и уште еден брачен пар од овој крај.

Можете да прочитате

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари

Ожалoстени родители се борат да ги направат убиствените патишта во Бугарија побезбедни