Утрински Весник
Македонија

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир

Gp Deve Bair.webp.webp

Официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот.

На настанот ќе се обратат претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на Светска банка, Масимилијано Паолучи и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

Во рамки на Проектот на Светска Банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, Царинска управа како краен корисник, а во соработка со Министерството за транспорт отпочна со реализација на градежни работи на патните гранични премини од Kоридор 8, односно на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

Вкупната вредност за изведба на првата фаза од овие проекти изнесува 118 милиони денари, од кои 96 милиони денари за надградба и реконструкција на граничен премин Деве Баир и 22 милиони денари за реконструкција и надградба на граничен премин Ќафасан. На граничниот премин Ќафасан веќе се започнати градежни активности коишто треба да завршат во период од 6 месеци.

Проектот за надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одвива во две фази.

Првата фаза опфаќа изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на постоечката Управна зграда на самиот граничен премин. За оваа намена Министерството за транспорт склучи договор за градежни работи со македонска фирма во вредност од 96 милиони денари. Средствата за оваа намена се обезбедени преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

Со реконструкцијата на Управната зграда ќе се добијат современи услови за работа на царинските и полициските службеници, а со изградбата на новиот објект на терминалот за стоково царинење покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и службениците од Државниот инспекторат за земјоделие и граничната Фитосанитарна инспекција како и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воедно процедурите за увоз, извоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе претставува олеснување за економските оператори, а ќе се придонесе и кон скратување на времетраењето на завршување на постапките.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија

ДЗСИ: Нема пропусти во случајот со бебето од Струмица