Утрински Весник
Македонија

Водата во овој град не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли

1708002705 WhatsApp Image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи.

– Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и ешерихија коли (E. coli), кои можат да претставуваат сериозни здравствени ризици, стои во соопштението од гостиварското комунално претпријатие.

Корисниците на водата од градскиот водовод се советуваат да се преземат мерки и притоа да се избегнува употреба на вода од јавната водоводна мрежа и да се користи пакувана вода за пиење и готвење.

Од ЈП Комуналец упатуваат апел за разбирање и од граѓаните очекуваат да ги следат информациите до решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.

– Здравјето и безбедноста на жителите на Гостивар се наш приоритет и ќе ве информираме штом водата повторно ќе биде безбедна за употреба, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Пожар во сендвичара во Охрид, двајца вработени се здобиле со изгореници

Почина возач на патот Кичево-Демир Хисар, му се слошило, по што излетал од патот

Европа под вето: Македонскиот пат меѓу принципи и интереси