Утрински Весник
Спорт

Теренот во Неготино суспендиран од страна на ФФМ

Negotino.jpg

Фудбалската федерација на Македонија веднаш постапи според правилникот и го суспендира теренот на второлигашот Вардар Неготино

По крајот на натпреварот меѓу неготинчани и Охрид (0-1), неслужбено лице на теренот го нападна гостинскиот голман.

Тогаш дојде до мешаница, физичка пресметка на повеќе лица и ситуацијата ескалира. Тогаш реагираа полициските службеници и мешаницата се раздвои.

На вонредна седница Комисијата за натпревари по прегледаните снимки донесе одлука, „Градскиот стадион“ во Неготино да биде суспендиран на неопределено време.

Постапката ќе ја води Дисциплинската комисија, а до крајот на истата и изрекувањето на казната Вардар Неготино ќе игра на друг терен.

Можете да прочитате

Пропадна планот на Инфантино и неговата плата со новиот проект

Инфантино добива противкандидат за претседател на ФИФА

Инфантино се откажа од идејата по заканите со бојкот