Утрински Весник
Македонија

Денес (недела) календарски и официјално ни започнува Есента!

Meteoalarm.mkesen.png

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Есента ќе трае до 22 декември кога календарски ни започнува зимата.

На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 26 степени.

Уживајте во денешниот стабилен, сув и релативно топол прв есенски ден.

Можете да прочитате

ЗНАМ: СДСМ повторно ја презема улогата на кочничар на економскиот развој на Македонија

Судот го одобри обвинението за случајот „Адитив“: Ќе се суди на 31 лице и пет компании за тешки кривични дела

Достоинствено одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција