Утрински Весник
Македонија

Денес (недела) календарски и официјално ни започнува Есента!

Meteoalarm.mkesen.png

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Есента ќе трае до 22 декември кога календарски ни започнува зимата.

На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, во Скопје температурата денес ќе се искачи до околу 26 степени.

Уживајте во денешниот стабилен, сув и релативно топол прв есенски ден.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?