Утрински Весник
Македонија

Задолжувањето од половина милијарда евра од Унгарија ќе се турка по скратена постапка

Sobranie Na Rsm V2 Fillwzc0msw1ntvd.jpg

Во придружното писмо, со кое премиерот Христијан Мицкоски го испраќа предлог-законот до парламентот, може да се прочита дека Владата го утврдила текстот на предлог-законот на седницата одржана на 3 септември, пред точно една седмица.

Владата соопшти дека половина од заемот ќе биде наменет за финансирање проекти за општините во земјава, а половина ќе бидат пласирани како поволни кредити за приватните компании.

Веста дека Унгарија ќе ѝ позајми половина милијарда евра на Северна Македонија беше соопштена по средбата на премиерите Виктор Орбан и Христијан Мицкоски на 11 јули во Вашингтон на маргините на Самитот на НАТО.

Имајќи предвид дека воспоставуваме специјална економска соработка, тоа ќе подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е унгарската влада, и да побараме дополнителна поддршка што ќе биде потребна за македонската економија“,рече Мицкоски во видеообраќање по средбата.

Инаку, на 26 јули годинава, „Политико“ објави дека Унгарија позајмила една милијарда евра, што е најголем заем досега на Будимпешта, од три кинески банки оваа пролет. Кредитот од Кинеската банка за развој, Експорт-импорт банката на Кина, како и од унгарската испостава на Банката на Кина, е целосно повлечен на 19 април годинава, а мора да се врати за три години. „Политико“ наведе дека властите во Будимпешта не ја објавиле информацијата. Таа првпат беше обелоденета од бизнис-изданието „Портфолио“, а потоа потврдена од владината агенција задолжена за долгот.

„Политико“ додаде дека јавниот долг на Унгарија е на рекордно високо ниво од 140 милијарди евра (73,5 отсто од БДП), а буџетскиот дефицит е 6,7 отсто од БДП, па Будимпешта има очајна потреба од готовина. Во такви околности, Орбан реши да ѝ позајми половина милијарда евра на Северна Македонија.

Информациите од Будимпешта за заем од една милијарда евра од Кина дојдоа во период кога премиерот Христијан Мицкоски најави заем од половина милијарда евра од Унгарија. Поточно, првичните информации беа дека позајмицата ќе изнесува една милијарда евра, колку што е и унгарскиот кредит од Кина, а Мицкоски ги пласираше на 9 мај или дваесет дена откако Унгарија го зела кредитот од Кина.

Можете да прочитате

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

ДА МУ СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ПОВИКОТ ЗА ОБЕДИНУВАЧКА ПЛАТФОРМА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот министер за надворешни работи, Тајани