Утрински Весник
Магазин

Огромна трагедија во домот на Мараја Кери: Пејачката ги загуби мајката и сестрата во ист ден

Mariah Carey 082624 1 Ccc21e35803a458f9859a1e7acebcfc8 1024x682 1.jpg

Мајката и сестрата на поп-ѕвездата Мараја Кери загинаа во „трагичен сплет на настани“, потврди пејачката.

Мајката Патриша и сестрата Алисон починале истиот ден, а причините за смртта се уште не се познати.

-Срцето ми е скршено затоа што минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, поради трагичен збир на настани, сестра ми го загуби животот истиот ден, рече пејачката во изјава за новинската агенција ПА.

-Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да умре. Ја ценам љубовта и поддршката од сите, како и почитувањето на мојата приватност во овој неверојатно тежок период, додаде Кери.

Нејзината мајка Патриша и таткото Алфред се разделиле кога таа имала три години. Нејзиниот татко починал во 2002 година на 72-годишна возраст.

Во своите мемоари од 2020 година „The Meaning Of Mariah Carey“, пејачката се отвори за „комплексниот“ однос што го имала со нејзината мајка. Во 2010 година, таа и нејзината мајка, обучена оперска пејачка, го снимија свечениот дует „O Come All Ye Faithful“ и „Hallelujah Chorus“.

Делумно и ги посветила своите мемоари. „И на Пет, мајка ми, која, верувам, низ сето она низ што помина, навистина го направи најдоброто што можеше. Ќе те сакам најдобро што можам, секогаш“, напиша пејачката.

Нејзиниот однос со нејзината сестра сепак бил многу покомплициран. Во своите мемоари таа напиша дека е „емоционално и физички побезбедно да не биде во контакт“ со Алисон или нејзиниот брат Морган.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста