Утрински Весник
Скопје

Традиционална крводарителска акција на Црвениот крст за празникот Успение на Пресвета Богородица

Tradicionalna Krvodaritelska Akci A 1.png

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2024 година, традиционално, по 22-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупна бројка од 4.509 единици крв, или во просек 214 крводарители по акција.

Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

Можете да прочитате

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „NO FINISH LINE SKOPJE“

Дел од Кисела Вода денеска без струја