Утрински Весник
Македонија

Митева:  СДС и ДУИ пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал

Miteva.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

СДС и ДУИ Пред да зборуваат за меѓународен ветинг, треба да имаат домашна одговорност за сторениот криминал. Од опозиција се загрижени, од власт недопирливи – вака некако ја замислуваат политиката СДС и ДУИ кои ја ограбија државата и 7 години не помислуваа на народот додека се богатеа.

Али Ахмети денес повикува на меѓународен ветинг затоа што мисли дека така ќе се заштити себе и останатите кои недвосмислено влегуваа во милионски бизниси со 0 денари влог. Каде беа СДС и ДУИ 7 години да побараат меѓународен ветинг или тогаш милионските тендерите во РЕК, МЕПСО и ЕСМ беа приоритет? Каде беа СДС и ДУИ да зборуваат за ветинг кога  милионски суми се трошеа на набавки на рент а кар возила за два дена? Каде беа СДС и ДУИ кога фирмите блиски до нив го зголемуваа имотот со фотоволтаични централи? Зошто Ахмети и Филипче не побараа меѓународен ветинг за фирмата за надзор на патиштата и модуларните болници?

Ова се прашањата на кои СДС и ДУИ треба да одговорат, како се прави империја за 7 години власт, а нивниот денешен пристап е обид за политичка амнестија за сторениот криминал. Вистинската желба на СДС и ДУИ не е ветингот туку желба за спас од одговорност. Ниеден обид за дестабилизација на демократијата нема да успее, затоа и СДС треба да излезе од скутот на ДУИ и да знаат дека доаѓа време за одговори и одговорност!

Можете да прочитате

Спасен турски палаглајдерист што принудно слетал на карпестиот дел на Галичица

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје