Утрински Весник
Свет

Воени маневри на САД, Австралија, Канада и Филипините во спорното Јужно Кинеско Море

20240807105703 Big 730x400 2.webp.webp

САД, Австралија, Канада и Филипините денеска одржаа заеднички воздушни и поморски воени маневри во спорното Јужно Кинеско Море, додека Кина одговори велејќи дека извршила воздушни и поморски борбени патроли во истиот регион.

Во заедничката изјава на воените претставници на четирите земји, се наведува дека „акцијата ќе биде спроведена на начин што е во согласност со меѓународното право и со почитување на безбедноста на пловидбата и правата и интересите на другите земји.

Еден филипински воен претставник рече дека се ќе спроведуваат вежби против подморници, како и комбинирани маневри.

Кина долго време претендира на голем дел од Јужното Кинеско Море, главна глобална трговска морска рута, и соопшти дека ќе ги брани своите територијални интереси по секоја цена.

Можете да прочитате

Поплави во Банкок, прогласена природна катастрофа

Британски планинар (28) паднал од врв во Шпанија и починал

Бразил воведува целосна забрана за онлајн обложување