Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Перински со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал

1d9a9685.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал на која се разговараше за продолжување на соработката за подобрување на нормативните решенија и капацитетноста на општините за поефикасно извршување на надлежностите.  

На средбата беше потврдено дека поддршката на ОБСЕ е важна за Министерството за локална самоуправа во подобрувањето на системот на локалната самоуправа.

Министерот Перински на состанокот истакна дека Владата и Министерството за локална самоуправа се особено посветени на развојот на општините што до крајот на годината ќе резултира со конкретна финансиска поддршка за реализација на капитални проекти. Паралелно ќе се работи и на подобрување на системот на локалната самоуправа, пред се заради подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.

„Очекувам дека соработката на Министерството за локална самоуправа со ОБСЕ, заедно со локалните власти, ќе резултира со конкретни решенија во интерес на граѓаните. Ги реализираме стратешките приоритети за стабилен, демократски, инклузивен и рамномерен развој. Верувам дека со реализација на планираните активности ќе го зајакнеме  институционалниот и демократскиот капацитет за управување со процесите на локално ниво”, рече министерот Перински.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана