Утрински Весник
Македонија

Приведен велешанец поради предизвикување пожар

Priveden 1.jpg

Велешанец е приведен денеска под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село Горно Оризари кон село Клуковец.

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата, преземени се мерки од страна на полициски службеници при што е затекнат С.Ц. од селото Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е опожарена сува трева.

– По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ, се наведува во соопштението.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.

– Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112, велат од МВР.

Изминатите десетина дена во земјава се регистрирани голем број пожари на отворено, а дел од нив се уште се водат како критични. Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а воведена е и забрана за движење во шуми.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален