Утрински Весник
Македонија

Соопштение од ЕВН Македонија: Еве кога се очекува да добијат струја деловите од Скопје кои повеќе од 10 часа беа во мрак

Evn Mak 960x417 1 800x417 1.png

Снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје кои повеќе од 10 часа немаат струја, се очекува да се нормализира за околу еден час, велат од ЕВН Македонија за МИА.

Оттаму посочуваат дека во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои немаат струја.

Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје.

Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час, велат од ЕВН Македонија.

Можете да прочитате

Шести ден блокада кај Љубојно против масовната сеча, полицијата казни учесник во протестот поради попречување на патот

Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, тврди Зајкова

Кедев: Заради профит, некои болници оперираат пациенти без потреба