Утрински Весник
Спорт

Ѓорческа експресно го мина првото коло во Порто

20240718080528 Big 730x400 87.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа неделава настапува на уште еден ИТФ фјучрс турнир со награден фонд од 60.000 долари од категоријата W75, во Порто (Португалија). Ѓорческа на овој турнир ќе игра на тврда подлога, за разлика од претходниот турнир што го играше на земја во Рим.

Во првото коло Лина вчера ја совлада домашната тенисерка Карла Томаи која настапи со вајлд карта. Македонската тенисерка експресно ја мина првата пречка и за 37 минути со 2-0 ја совлада ривалката и притоа загуби само еден гем (6:0 и 6:1). Единствениот гем Ѓорческа го загуби на почетокот на вториот сет кога Томаи поведе со 1:0.

Во мечот од второто коло Ѓорческа денес ќе игра против четвртата носителка Маја Џоинт од Австралија (18 години, 161 место ВТА листа), која во првото коло ја совлада Матилде Жорге од Португалија. 

Мечот би требало да почне по 16:30 часот по македонско време.

На турнирот во квалификациите настапуваше и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која беше совладана од Олга Хелм од Данска.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов