Утрински Весник
Македонија

Средба Муцунски – Али – 24info.mk

F132da26 B84f 436e 802b B7525d1294c6.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на СЗО во земјава, г Акиим Али, со цел предавање на копиите од акредитивните писма.

Муцунски му честиташе на Али за именувањето на функцијата Претставник на СЗО, посакувајќи му добредојде и со изразено уверување за натамошно зајакнување на заемната соработка во периодот што следи.

На средбата, Муцунски нагласи дека новата влада ќе работи посветено за зајакнување на националниот здравствен безбедносен систем заради подобро справување со новите предизвици.

Воедно, соговорниците разменија ставови околу досегашните заеднички активности, особено за неодамна потпишаниот двогодишен Договор за соработка во повеќе области за периодот 2024-2025 година, а во согласност со Европската Програма за работа за периодот 2020-2025 година.

Истовремено беше потврдена заложбата за идна соработка и нови проекти и иницијативи на СЗО, со цел реформи на јавното здравство, а за чијашто реализација ќе бидат вклучени сите надлежни институции.

Можете да прочитате

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември