Утрински Весник
Балкан

Албанската администрација со скратено работно време поради жештините

Tirana.jpg

– Албанската Влада донесе одлука според која, поради екстремно високите температури, администрацијата ќе работи со скратено работно време.

-Од понеделник до петок ќе се работи од 9:30 до 15:30 додека во петок од 9:30 до 13 часот, објавија медиумите.

Албанија со денови се соочува со високи температури, кои се над 40 степени Целзиусови. Во Тирана денеска живата во термометарот, под сенка, се искачила на 43 степени.

Во земјата беснеат пожари во чие гаснење се вклучени противпожарни единици, армијата, армиски и полициски хеликоптери, како и два хеликоптери од Грција.

Според албанските медиуми, пожар од големи размери беснее во подрачјето на Мат, кој се заканува на блиските куќи а се проширува и на заштитено подрачје, за што е потребна интервенција од воздух. Истиот извор наведува дека за не цели 20 минути во оваа општина регистрирани се 8 пожари.

Пожари има на повеќе локации, а како што изјави министерот за одбрана Нико Пелеши, дневно се појавуваат во просек по најмалку 10 пожари

Можете да прочитате

Пукање од возило во движење во Албанија, маж и жена убиени!

Вучиќ: Пицула е кретен кој зборува често, кратко и глупаво

Уапсен Македонец во Србија, се претставувал како хирург и мамел граѓани!