Утрински Весник
Свет

Маск планира да му дава на Трамп 45 милиони долари месечно

Mask Pak Na Bogat.jpg
Dik 300x250 mk

Мултимилијардерот Илон Маск најави дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани извори.

Донациите на Маск ќе бидат наменети за политичка група наречена America PAC, што ќе се фокусира на промовирање на регистрација на гласачите, предвремено гласање и гласање по пошта меѓу жителите во сојузните држави пред изборите во ноември, објави весникот цитирајќи луѓе запознаени со прашањето.

Маск е еден од неколкуте главни поддржувачи на новиот фонд меѓу кои се и коосновачот на Palantir, Џо Лонсдејл, поранешната амбасадорка на САД во Канада, Кели Крафт и инвеститорите во криптовалути Тајлер и Камерон Винклвос. 

Можете да прочитате

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц